Installer
Skopje
Инженерство\производство\истражување и развој
Engineering and RnD
Поддршка за корисници
Постојано
Нема или не е потребно искуство
Далечински
MK:
За позицијата:
Врши монтажа и испитување на подсклопови и производи
Главни одговорности:
- Чита и применува техничка документација;
- Обезбедува и подготвува потребен алат и помагала за монтажа на производите пристигнати со работен налог;
- Врши подготовка на позициите за монтажа со нивно чистење (бришење, продувување и одмастување);
- Врши визуелна контрола на работните површини од позициите кои треба да се монтираат;
- Врши монтажа на подсклопови, склопови и цели производи со употреба на соодветен алат и специјални направи, помагала, преси за набивање, дупчалки, лепи со соодветен лепак;
- При монтажата позициите ги замастува со употреба на масти пропишани во техничко- технолошката документација;
- Користи динамометарски клучеви и пополнува извештај за динамометарскиот клуч според стандардите;
- Врши подготовка за испитување на монтираните производи (поврзување на пробница според шема дадена во мерниот лист со приклучоци и црева со соодветен проток, нагодување на ходови на сопирачки цилиндри, отварање на соодветна програма за испитување и сл.)
- За испитаните апарати пополнува испитни листи со резултати од испитувањето, врши снимање на дијаграми и меморирање на дијаграми и мерни листи каде што тоа е предвидено и со потпис гарантира за исправноста на испитаните апарати;
- Испитаните апарати (производи) ги идентификува со монтирање на натписна табличка претходно пополнета со податоци дадени во работниот налог;
- Врши демонтажа, повторна монтажа и испитување на апарати пристигнати за ремонт;
- Врши сервисирање на производи на терен по основа на рекламација или испитување на прототипско возило;
- По потреба извршува и други работни операции.
Квалификации:
Минимални барања: Машински техничар, електро-техничар или друго образование со соодветна обука или искуство. Задолжително познавање на Македонски јазик.
Предност: Најмалку 1 година слично работно искуство